Оваа интернет страница, со домејн www.taphr.mk во сопственост на Друштво за производство и трговија на услуги ТАП ХР КОНСАЛТИНГ Дооел увоз-извоз Охрид (во понатамошниот текст означен како СОПСТВЕНИК), е сервис создаден за корисниците со цел да овозможи пребарување, споредба и/или купување на производи и услуги, како и месечни претплати.
Услови за користење
Во понатамошниот текст ќе се објаснат условите за користење на оваа веб-страница.
ОПШТИ УСЛОВИ ЗА КУПУВАЊЕ
Сопственикот не презема одговорност доколку корисникот на сајтот не ги прочитал јавно достапните информации и услови од овој сајт.
Купувачот се обврзува да ја плати цената, која е понудена во моментот на извршување на нарачката, независно од фактот што цената може да биде променета во меѓувреме. За купување на производи и услуги преку www.taphr.mk важат редовните цени.
Количините на некои од производите се ограничени. Согласно со тоа, одредена нарачка може да биде откажана поради исцрпување на залихите. Купувачот може да избере еден или повеќе производи, како и пакет на производи од понудата на Сопственикот.
Месечни претплати
Месечните претплати се неограничени и достапни веднаш, по моментот на наплата. Истите важат во рок од 30 дена, односно до датумот на кој сте платиле во наредниот месец од месецот на наплата. Наплатата на месечните претплати е предвидена да се одвива автоматизирано, односно ден пред истекот на претплатата преку вашиот метод на наплата ќе ви бидат повлечени средства.
Доколку сакате да откажете месечна претплата, тоа можете да го сторите во секој момент, преку вашиот кориснички профил на оваа веб-страница. Доколку се решите да се откажете пред истекот на месечната претплата, ќе го задржите пристапот до сите услуги за кои сте платиле до истекот на претплатата. Не вршиме поврат на средства доколку се откажете порано од истекот.
Доколку ја злоупотребувате веб-страницата или вашата претплата, или пак вашиот пристап го споделувате со трети лица кои немаат платено месечна претплата, Сопственикот го задржува правото да ја изгаси вашата месечна претплата, без повраток на средствата. Против оваа одлука имате право на жалба преку нашиот систем за поддршка на корисници.
Политика на испорака на производи и услуги
Купувањето на физички производи преку нашата интернет страница можете да го реализирате од кој било дел на светот, но испораката ја спроведуваме на целата територија на Република С. Македонија.
Месечни претплати или дигитални производи автоматски се доставуваат на вашата е-пошта која ја имате оставено во системот.
КУПУВАЧОТ Е ЗАПОЗНАЕН И СОГЛАСЕН СО УСЛОВИТЕ И ПРАВИЛАТА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ИНТЕРНЕТ СТРАНАТА НА СОПСТВЕНИКОТ И СЕ ОБВРЗУВА ДА ГИ ПОЧИТУВА ВО ЦЕЛОСТ.